Пронајден починат маж под превртен трактор во атар на село Сујаклари

Објавено на 25 март, 2024 во 11:49

Седумдесет и три годишниот А.К од село Сујаклари, вчера, од страна на Итна медицинска помош Велес бил пронајден починат во нива во атар на село Сујаклари, велешко.

-Според пријавеното, во нивата имало превртен трактор, а телото на А.К. било под него. Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.

Итна медицинска помош Велес случајот во СВР Велес го пријавила во 14:45 часот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.