Шест болни кучиња од „Штенечак“ во Кавадарци третирал само еден ветеринар, вакцинација за домашните миленици единствен спас од опасноста
Само кај еден ветеринар, деновиве, од страна на граѓани на Кавадарци се однесени шест болни бездомни кучиња од болеста „Штенечaк“. Станува збор за заразна болест која се препознава по гноен исцедок од носот на болното куче, по гурелки во очите и по уште неколку други видливи со око манифестирања меѓу кои се и гнојни кесички по телото на животното. Последново е кога болеста во поодмината фаза ги напаѓа и внатрешните органи на кучето. На социјалната мрежа Фејзбук се споделуваат фотографии на заболените животни во Кавадарци.Граѓаните се солидаризираат за да им помогнат.
Др Дарко Николовски ветеринар од Каварарци рече дека кучињата оваа болест можат да ја преживеат само ако се заразени со послаба варијанта која остава последици додека поодминатата фаза, за жал, фатална е.
-Тоа што е прва препорака е изолирање на болните кучиња за да се спречи брзо ширење на заразната болест. Можно е да се излекува заразено куче само со навремено аплицирање на терапија. Во Македонија нема серум, антитела коишто се вбризгуваат во телото на заболеното животно па се аплицира расположлива терапија која успева, да му го спаси животот, но за жал не и последиците кои се трајни. Најсигурна е превенцијата составена од поливалентна или двовалентна вакцина. Неа можат да ја добијат само здрави кучиња, рече др Николовски.
Лекарот апелира на особена внимателност на сопствениците на домашни животни. Вирусот е многу вирулентен и вакцинацијата е единствен начин за спа од зараза. Инфекцијата „Штенчак“ можат меѓу себе да си ја пренесат кучињата но и луѓе на кучиња откако ќе нагазат од гнојниот исцедок во парк или на улицаи и ќе го внесат во домовите. Не се пренесува на луѓето но е многу опасна за кучињата. И не само за нив туку и за лисиците и волците. До сега во државата имало бројни зарази.
И покрај тоа „Штенечак“ не е опфатена со третман во Годишната наредба за заштита на животни во Македонија. Овој документ го креира и дополнува Агенцијата за храна и ветеринарство. Денеска, од оваа државна институција, не можеше да се обезбеди став за болеста и за евентуално превземање на мерки во Кавадарци. Со оглед на вирулентноста „Штенчек“ ме значи дека не би можело да се пренесе и во други населени места или градови. Во сите има голем број на бездомни кучиња.
Убавка Јаневска