Синдикалната кошничка во јануари поскапа за 1.000 денари
Објавено: 20 јануари, 2026, во 17:11 часот
Сојузот на синдикати на Македонија ја објави минималната синдикална потрошувачка кошничка за јануари 2026 година. Таа во споредба со декемвриската е поскапа за 1.000 денари. Во јануари за неопходните потреби на едно четиричлено семејство потребни му се 66.413 денари или 921 денари повеќе од декември, минатата година.
За храна и пијалаци потребни се 24.211 денари или 563 денари повеќе од месец декември. Поскапување од 208 денари има и во делот за станарина, вода, електрична енергија и греење за што треба да се издвојат вкупно 6.338 денари. Купувањето на облека и обувки поскапе за 168 денари во споредба со минатиот месец или потребни се 6.043 денари. Транспортот е само поефтин за 91 денари.
Според пресметките на ССМ на четиричленото македонско семејство потребни му се над две ипол минимални плати (24.397 денари) за да ги покрие неопходните потреби за живот.
Убавка Јаневска


