Специјални едукатори и рехабилитатори од ОУРЦ „Маца Овчарова“ стекнаа нови знаења преку Еразмус + проект

Објавено на 5 декември, 2022 во 16:19

Четворица специјални едукатори и рехабилитатори од ОУРЦ „Маца Овчарова“  беа дел од две мобилности во Италија и Грција преку Еразмус + проектот насловен „Нови пристапи, подобри резултати“. За време на двете мобилности тие имале можност да разменат искуства со своите колеги од други држави но и да го збогатат своето знаење за сензорна интеграција којашто е многу важна за развој на лицата со попреченост.

– Првата мобилност беше реализирана во Италија, кадешто посетивме четири училишта во градовите Пескара, Васто и Ортона. Во училиштата имавме средба со колегите и разменувавме искуства, знаења како и позитивни практики за инклузија. Тоа е особено важнос бидејќи Италија е држава којашто уште пред 40 години започнала инклузија. Втората активност беше посета на обука за сензорна интеграција во Грција во градот Трикала. Специјалните едукатори се стекнаа со нови но и ги проширија и продлабочија своите знаења за сензорна интеграција којашто е многу важна за развој на учениците со попреченост, рече Елена Трајанович координатор на Еразмус проект.

Специјалните едукатори и рехабилитатори преку неколку практични и теоретски работилници сите позитивни искуства и стекнати знаења им ги пренеле на своите колеги од училиштето, на родителите, на колегите од други училишта како и на сите образовни асистенти распределени во основните општински училишта во Велес, Градско и Чашка.

Проектот „Нови пристапи, подобри резултати“ е финансиски поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.