Мартин Јосевски го фати Светиот Крст во Свети Николе
Над дваесет млади Светиниколци денеска, по повод денешниот празник Богојавление, скокнаа во осветените води на базентот пред црквата „Свети Николај“ пред присутни над илјада граѓани. Меѓу нив најсреќен беше Мартин Јосевски.
– На сите што учествуваа во фаќањето на крстот и на сите православни верници им го честитам денешниот голем празник. Традиционално, на среќниот фаќач на Светиот Крст му доделивме награда телевизор. Богојавление е празник кој е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа, рече градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски.
Богојавление – Водици за свој ден го одбележува Доброволното противпожарно друштво Свети Николе. Пожарникарите доброволци годинава одбележаа 84 години од постоењето. По тој повод во просториите на друштвото се осветуваше славски колач./У.Ј