Трибина на „Ронтис“на тема „Превенција и рано откривање на рак
Доцна попладнево, на одбележувањето на Светскиот ден за борба против рак, со цел да се подигне свеста за ракот и да се поттикне неговата превенција, откривање и лекување во организација на „Ронтис“ ќе се одржи отворени едукативен настан на тема „Превенција и рано откривање на рак“,кој има за цел и да ги мотивира граѓаните да се изборат со табуата. Трибината ќе се одржи во театарот „Јордан Х.К.Џинот“ во Велес, со почеток во 18:00 часот.
Соговорници на вработените во „Ронтис“ како и на велешани кои ќе одлучат да присуствуват, ќе бидат две лекарки по Општа медицина, др Милка Панова и др Елена Јаневска, третата е специјалистот кардиолог др Весна Николовска Неделкова како и еден лекар др Аристотел Тренчев специјалист гинеколог.
Менаџерите на „Ронтис“ порачаа дека сакаат да дадат придонес во превентивниот дел на подигнување на квалитетот на јавното здравје па затоа одлучиле да бидат организатори на јавен настан од општински карактер.
Тие упатија покана до сите граѓани на Велес кои сакаат да слушнат за превентивата и прегледите кои придонесуваат за рано откривање и заштита од канцер и разни други болести.
Убавка Јаневска