О.К. на ВМРО ДПМНЕ реагира на пресот на опозицијата во Велес
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска со реакција на вчерашниот прес на опозицијата. Во писмената реакција стои дека на СДСМ им пречи реновирањето на хируршкото, детското, заразното, гинеколошкото и физикалното одделение во велешката болница како и реновирањето на болницата во Јасеново. Ним им смета и тоа што докторите работат со модерни здравствени апарати, како што е компјутерскиот томограф, холтер за притисок и аритмии.
Исто така им пречи и набавката на нова апаратура и нови амбулантни возила за потребите на итната медицинска помош, како и намалувањето на цените на лековите, едукацијата на докторите и покачувањето на нивните плати, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Од партијата на власт обвинуваат дека СДСМ е партија која шири невистини и покажува лажна грижа пред граѓаните./Д.С