Црвени каранфили за сограѓанките од УМС на ВМРО ДПМНЕ во Велес
Објавено на 8 март, 2016 во 10:43
Младите на ВМРО ДПМНЕ на симболичен начин им го честитаa денешниот празник на жените во Велес, 8 март. На жените и девојките кои поминуваа на горниот дел од градот им поделија по еден каранфил и им посакаа убав и пријатен ден.
„На симболичен начин еве денеска се обидовме да им го честитаме празникот на жените, на мајките. Но на жената не треба само овој ден да и се дава значење поради тоа што таа е столбот на едно општетство, столбот на едно семејство“, рече претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ Живе Катранџиев.
Осмомартовската акција на младите на ВМРО ДПМНЕ станува традиционален настан со кој на симболичен начин го одбележуваатсветскиот ден на жената./Д.С