„Вози одговорно, животот е во твои раце“, кампања за младите во државата
Невнимателното возење и непочитувањето на сообраќајните знаци на патиштата резултираат со фатални последици по човечкиот живот. Со својата животна приказна тоа го потврди скопјанецот Хакија Мекиќ. Тој пред велешките гимназијалци се појави во инвалидска количка и им раскажа како стигнал до неа. Брзајки со автомобилот да стигне навреме, тој не стигнал никаде туку завршил прикован за инвалидкста количка. Тој им порача на младите велешани да возат внимателно и да ги почитуваат собраќајните знаци за да не се доведат во ситуација слична на неговата па дури и фатална по нивниот живот.
„Јас и мојот колега се брзавме и возевме малку побрзо од пропишаната брзина за уште 20 километри на час, значи осумдесет. Но наидовме на песок и излетавме од патот и настрадавме и јас и мојот колега. Оттогаш останаа трауми како за нас така и за нашите семејства. Брзаајќи се да стигнеме, не стигнавме, стигнавме и двајцата до инвалидски колички. Јас и мојот колега денеска живееме во инвалидски колички веќе 26 години. Значи тие дваесет километри придонесоа и двајцата денеска да живееме во инвалидски колички. Затоа апелирам до сите млади и постари учесници во сообраќајот да внимаваат додека возат и да ги почитуваат сообраќајните знаци“, рече Мекиќ.
Статистиката покажува дека минатата година се случиле 1.152 сообраќајни несреќи во кои најголем дел од настраданите биле токму младите, особено од машки пол и тоа во алкохолизирана состојба. Токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот по патиштата и здравствените работници ја спроведуваат кампањата „Вози одговорно, животот е во твои раце“ помеѓу младите во државата.
„Целта ни е да успееме да допреме до младите луѓе и да превенираме во насока да ја подигнеме свеста кај нив за штетноста и последиците од сообраќајните несреќи., како да се заштитат како учесници во сообраќајот. а индиректно да го заштитат и сите останати присутни во сообраќајот“, рече директорката на Здравствен дом Скопје д-р. Татјана Баевска Вучковиќ.
„Денеска сме тука помеѓу велешките гимназијалци за да ги запознаеме со причините и последиците од сообраќајните несреќи. Сето ова е во пресрет на матурските вечери, да ги подучиме матурантите да бидат поодговорни за време на матурските прослави да не одат со возила. Особено апелираме до нивните родители да не им ги даваат возилата во такви ситуации“, рече Љупчо Ставревски, член на комисијата за национална стратегија на републички совет.
Гимназијалците имаа можност да слушнат за бројни примери на хируршки интервенции врз граѓани кои доживеале сообраќајни незгоди со полесни но и потешки телесни повреди.
Инаку во Македонија бројката на жртви и повредени во сообраќајни несреќи по патиштата низ државата од година во година се зголемува. Дури 150 граѓани на годишно ниво завршуваат со фатални последици односно како жртви. Црната статистика според Според Светската Здравствена организација покажува дека околу еден милион и двеста илјади жители умираат како резултат на собраќајни незгоди./Д.С