За разлика од Велес, скоро двојно повеќе бебиња родени во селата
Во првата половина од годинава, во велешката болница се родиле 358 деца или за 18 новороденчиња повеќе од лани. Од матичната служба велат дека дури 60 проценти од децата кои се родиле во периодот од први јануари до 30 јуни годинава се од селата Горно и Долно Јаболчиште, Бузалково, Сливник и Клуковец.
Тоа во бројка изнесува вкупно 214 новороденчиња. Останатите пак 144 се бебиња што се родени во велешката болница претежно од градот и околните населени места. Тие по националност се Македонци.
Првично за стручните лица што го следат наталитетот ова покажува дека не е голем бројот на македонски семејства кои често се одлучуваат на проширување на бројот на членови. За сега на прсти можат да се избројат примери кога двајцата сопружници одлучиле да имаат повеќе од две деца. Најголем е бројот на млади брачни парови во градот кои засега не размислуваат за второ дете. Секако не треба да ссе занемари фактот на масовното исселување на младите од Велес најчесто во Канада, Германија, Австрија и САД./
Даниела Саздова