Уставен одлучува за барања на приватните лекари!
Здружението на приватни лекари до Уставниот суд поднесе иницијатива за преиспитување на уставноста на два члена од Законот за здравствена заштита.
Првиот се однесува на лиценцата за работа. Наместо неа да ја добиваат лекари сега здружението бара да се издава на име на приватната амбуланта. Така лекарите ќе можат да заминат во пензија или во странство но амбулантите да продолжат да работат наместо како сега да се затвораат и граѓаните кои се пациенти да останат без матичен лекар, вели претседателот на здружението д-р Лилија Чолакова Дервишова.
„Друго ќе биде кога лиценцата ќе гласи на објектот. Значи таа здравствена институција има довола за работа во мрежа и тогаш многу полесно лекарите ќе менуваат места ако добиле понуда во друг град. Тое е важно движењето да биде пслободно “, вели д-р Чолакова – Дервишова.
Вториот предлог за измена на законот за здравствена заштита се однесува на пререгистрацијата на пациентите, постапка која е задолжителна за невработени лица, за да ги пријават хонорарите или надоместоците кои ги добиле во текот на годината со што тие треба да си го плаќаат здравственото осигурување.
Бидејќи се поголем број на невработени не ги пријавуваат остварените приходи, во законски утврдениот рок, го губат правото на лекување на државна сметка а матичните лекари пациентите и капитацијата од државата. Од еснафското здружение сметаат дека Уставен треба прво за уште два месеци да го продолжи законскиот рок за пријавување на овие лица во Фондот за здравство.
Претходно овие измени приватните лекари во Македонија ги бараа од министерството за здравство но оттаму до денеска не добија одговор дека ги прифатиле./Б.Н