Гром ја погоди,синоќа, фабриката за ѓубре и запали ниви со жито!
Силно електрично празнења беше причина да се запали трансформаторот во дворот на фабриката за вештачко ѓубре, кај селото Ногаевци. Во него имало 200 литри моторно масло кое експлодирало и предизвикало пожар. Поради огнот екипи на ЕВН ја исклучиле струјата на железничката пруга Велес – Градско. Исто така интервенираше и противпожарната единица од Велес.
– Интервенцијата траеше од 21 до 1 часот по полноќ. ППЕ Велес го гаснеше пожарот со екипа составена од 4 пожарникари и едно противпожарно возило. Имаше интервенција и на екипи на ЈП Македонски железници и ЕВН. Тие направија премостување за да не остане без струја железничката линија Скопје – Гевгелија. Веднаш потоа пожарникарите пристапија кон гаснење на пожарот – рече командирот на противпожарната единица, Љупчо Лепидовски.
Исто така од гром во близина на село Оризари, во месноста викана Три чешми, настрадале неколку декари на ниви со жито. Но таму жителите од селото успеале веднаш да го изгаснат огнот.
Штетите и во двата случаи ќе се утврдуваат дополнително.
Дожд со повеќе силни електрични празнења синоќа се случија и во Велес. Целосно го осветлуваа градот како да е ден иако стануваше збор за 22 часот но за среќа не предизвикаа штета.
Дума.мк со фотографија ви прикажува како Велес изгледаше при едно електрично празнење. /Б.Н