Започнува фолклорниот фестивал во Велес!
Објавено на 25 јуни, 2013 во 08:54
Вечерва по главната улица на Велес ќе дефилираат 350 играорци од 10 држави во Европа.
Дефилето започнува во седум и триесет часот од интернат и ќе заврши во амфитеатарот во Младински парк, каде официјално ќе започне фолклорниот фестивал.
Покрај домашните играорци, фестивалот ќе претстави гости од Турција, Литванија, Романија, Полска, Украина, Србија и Босна и Херцеговина. Играорците ќе настапуваат секоја вечер во Младински парк, од денес до оваа сабота, поточно од 25-29 Јуни.
Л.С.