Велешани сторија се што можеа сега на Маја треба да и помогне државата!
Десетици хуманитарни забави, дружења и концерти се случија изминатиов месец во Велес и во Неготино. Ги организираа колеги и пријатели, на Маја, кои даруваа финансиска помош и искажуваа поддршка во нејзината најголема животна битка. Со свои прилози учествуваа луѓе од цела Македонија и хуманисти од странство.
Сите ја препознаа желбата да се победи тешката болест и посакаа да бидат дел од исполнувањето. Мотив повеќе за секој од нив е ведрата и насмеана жена која побара помош за својот проблем и потреба од лекување во Америка. И Маја има мотив зошто го прави сето тоа. Бесценето е да се живее особено кога два пати некому си подарил животот!
Стотици велешани, синоќа, беа сојузници и поддржувачи на Маја. Синоќешниот хуманитарен концерт на градскиот базен Снупи беше организиран од ЦД радио а својата хуманост ја покажаа повеќе естрадни уметници, групи и диџеи. Меѓу нив беше и Биба Додева.
– Човечкиот живот е навистина вреден и еве покажуваме дека тоа не се празни зборови. Навистина сум задоволна што гледам големо присуство на луѓе затоа што тоа покажува за зголемена свест кај граѓаните. Нашиот народ е докажано дека е хуман, еве уште една потврда за тоа. Тука сум заедно со моите Боркици и ние сме со Маја – рече Додева.
На концертот настапи и Mики Секуловски кој рече дека Маја ја запознал неодамна и позитивната енергија што таа ја носи го освоила и него.
– Сакам да бидам дел од оваа успешна приказна на жената која има право на живот исто како нас. Таа е харизматична, весела и пред се храбра жена – рече Секуловски.
Освен Мики и Биба Додева синоќа на концертот „Со љубов за Маја“ настапија и велешани се забавуваа со Нокаут, Ноне Неделковска, Тони Зен, Некст тајм, Рик Фокс, Аднан, Елена Петрушевска, Даре, Орхидеа Дукова, Виртус, Давид Нешковски трио и познати диџеи.
Маја ја делат уште неколку дена од почетокот на лекувањето во Америка кое чини 180 илјади долари. Граѓаните, пријателите и нејзиното семејство направија се што можеа. Сега неа треба да и помогне државата./Б.Н