Лажна гатачка „ќарила“ златна огрлица за растурање „црна магија“!
Разговорлива и убедлива жена на возраст од триесеттина години и тропнала на влезната врата на велешанката З.Ј.М (24) нудејќи и помош за семејните проблеми. Гостинката се преставила како гатачка која со помош на икони и светци растура црни магии.
Таа лесно ја убедила помладата сограѓанка дека во домот има црна магија како и дека може да ја растури. Жената поверувала во тоа што и го зборувала гатачката и ја наградила со 500 денари. За наградата да биде достојна, на маката и трудот што гатачката ќе ги вложи, дополнително и биле дадени алишта од децата што не ги користеле како и мобилен телефон што семејството на оштетената не го употребувало.
Наредниот ден гатачката повторно дошла во домот на З.Ј.М со дополнително барање. И раскажала дека магијата била многу тешка и морала да се растури со златен накит. Но, младата жена немала злато па побарала од соседката која ја дала златната огрлица за да и помогне на пријателката.
Гатачката ги убедила и двете жени дека огрлицата ќе ја однесе во својот дом и таму ќе ја растури магијата. Но, наместо таму златниот накит го однела во златара и го продала за 7.000 денари.
Оштетената З.Ј.М набрзо сватила што сторила па случката ја пријавила во полиција. Не било тешко да се открие идентитетот на лажната гатачка. Станува збор С.А (32) од Велес која денес е осомничена за кривично дело измама и против неа е поднесена кривична пријава./Б.Н