Медицинска сестра ќе лежи во затвор, поради продажба на метадон!
Објавено на 2 јули, 2013 во 13:35
Апелацискиот суд од Скопје ја потврди пресудата на велешкиот суд кој ја осуди на една година затвор медицинската сестра Верка А. од Градско за продажба на метадон.
Четириесет и шест годишната жена беше вработена во центарот за лекување на нарко зависници во ЈЗО Општа болница во Велес кога пред година ипол на улица беше фатена при продажба на метадон.
Полицијата ја уапси и осомничи а јавното обвинителство ја обвини за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични супстанци.
Медицинската сестра одговараше и за други продажби на метадон кои ги направила претходно.
Според обвинението Верка К. го земала метадонот од работното место и за пари го продавала на нарко зависници./Б.Н