Канцелариите во синдикалната зграда се издаваат под закуп
Се издава деловниот простор во поранешната синдикална зграда. Општината денеска објави оглас на нејзината електронска страна и во дневни весници. Тоа се случува откако локалната самоуправа стана сопственик на објектот во центарот на градот спроти Стоковна куќа. Сите деловни простории, на трите ката и дуќаните во приземјето, ќе се издаваат под закуп. Тоа значи дека на огласот треба да се јават и Регионалниот синдикат на ССМ, Општинската организација на СДСМ и на Социјалистичка партија кои се сместени во зградата . Моментално општината реновирала уште две до три простории за кои исто така ќе се бараат закупци.
Право на закуп на простор имаат сите правни и физички лица дури и тие што во моментов се сместени во зградата. Во засебен дел до синдикалната зградат се наоѓа и поранешното кино „11 Октомври„. Тоа со децении не функционира. Сега локалната власт најави дека е со намера да ја преадаптира кино салата во помал простор со капацитет од 80 до 100 седишта а останатиот дел да го користи за потребите на службите./Д.С