Со фалсификувани банкноти купиле бензин
Се занимавале со фалсификување на банкноти и си купувале бензин со нив. Двајца жители на село Горно Јаболчиште заработија кривична пријава. Триесет и седумгодишниот Р.З. и четириесет годишниот Џ.З. во септември минатата година со автомобилот застанале на бензиската пумпа „Мак-Петрол“ лоцирана на улицата Алексо Демниевски Бауман во Велес, ставиле бензин и на вработениот на бензиската му платиле со фалсификувана банкнота од 1000 денари.
Вработениот веднаш ги пријавил во полиција, измамниците се пронајдени и приведени во станица. При претресот кај нив и во автомобилот полициските службеници пронашле уште две банкноти од 1000 денари, една од 500 и една од 100 денари. Експертизата на Народната банка утврдила дека станува збор за фалсификувани банкноти.
Против двајцата жители на Горно Јаболчиште СВР Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривични пријави за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
Според Кривичниот закон сторителите на вакви кривични дела се казнуваат со затвор од една до десет години. Парична или казна затвор до три години можат да заработат и оние кои примиле фалсификувани пари, не ги пријавиле и ги пуштиле во промет./Д.С