Жените возачи добија рози од полицајците
Објавено на 9 март, 2015 во 09:44
По повод меѓународниот ден на жената 8ми Март, сообраќајните полицајци во Велес при вршење редовна контрола на сообраќајот во градот, на жените возачи симболично со рози им го честитаа празникот.
„Би сакале да нагласиме дека жените возачи се покажаа како многу примерни и дисциплинирани возачи, односно, сите- без исклучок го користеа сигурносниот појас и ги почитуваа сообраќајните правила и прописи“, изјавија полицајците сообраќајци.