Велешкиот суд го стави на продажба Тутунскиот комбинат од Куманово
Тутунскиот комбинат „Боро Петрушевски – Папучар“ од Куманово ќе се продава. Ваква одлука донесе Основен суд Велес. Целокупниот имот на комбинатот ќе се продава по електронски пат без почетна цена. Кој ќе биде идниот сопственик ќе одлучува собранието на доверители. Најголем доверител е Управата за јавни приходи на која комбинатот и должи повеќе од 80 отсто од вкупната вредност.
Огласот за продажба на кумановскиот тутунски комбинат е распишан и тој ќе трае во наредните 15 дена. Доколку тутнскиот комбинат не се продаде ќе биде распишан нов оглас а ако и тогаш не се јави купувач целокупниот имот сразмерно ќе се распредели на доверителите.
Инаку ова е еден од петте стечајни предмети, кои со одлука на Врховен суд му беа одземени на кумановскиот и за решавање му беа доделени на велешкиот суд. Досега е решен само еден, а се очекува до крајот на годинава да бидат решени и останатите./С.А