(ФОТО) Христос Воскресе – Вајстина воскресе, за многу години Велигден
Точно на полноќ, биењето на камбанaта на соборниот храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“ ја најави радосната вест за воскресението Христово. Стотици велешани беа во дворот на духовниот храм. Го проследија кружењето на иконата, три пати, околу црквата и ја слушнаа веста за воскресението Христово од митрополитот Повардарски, Господин Агатангел а потоа ги кршеа црвените јајца велејќи „Христос воскресна – Навистина воскресна“.
Голем дел од верниците, од Велес но и од останатите градови на Повардарската епархија, присуствуваа на празничната богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски, Агатангел.
Меѓу присутните беа градоначалникот Славчо Чадиев, претседателот на Советот на општина Велес, Александар Колев и пратеникот Илија Димовски./У.Ј