Триесет и три годишниот Ј.Ј го предизвикал пожарот на Којник
Триесет и три годишниот Ј.Ј од Велес е осомничен дека го предизвикал пожарот во старата куќа на Којник. Тој вчеравечер во 21 часот и 35 минути бил приведен во полициската станица и испрашуван за случајот. Пожарот избувна околу 21 часот во стар дел од куќа на улица „Кирил Пејчиновиќ“ бр.13, во која живеел осомничениот.
Пламенот излегувал од ќерамидите над кои имало електрични кабли. Први го забележале соседите и веднаш повикале полиција и пожарна. И тие се сомневаа дека пожарот го предизвикал нивниот сосед кој живее во куќата. Опожарената куќа се наоѓа во густо населена улица каде куќите се поврзани, па опасноста од проширување на пламените јазици била многу голема. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите кои дошле со две возила, пожарот за кратко бил ставен под контрола. Причините и штетата дополнително ќе се утврдуваат.
СВР Велес против триесет и три годишниот маж поднесе кривична пријава за сторено дело предизвикување општа опасност./Д.С