Откриена група мигранти во близина на Велес
Нова група мигранти откриена на автопатот Велес-Скопје. Утрово околу 7часот во близина на Велес полицијата запрела товарно моторно возило марка мерцедес со скопски регистарски таблички, што го управувал С.Ј од Скопје и во него пронашла петнаесет бегалци. Од нив осум биле мажи, четири жени и три деца. Скопјанецот се обидел да ја прокриумчари групата мигранти кои од Грција преку Македонија требало да стигнат во Србија, а од таму во некоја од западноевропските земји.
Во шлеперот се превезувале поголем број мигранти од Сирија, но кога полицијата го запрела тие се обиделе да побегнат, па успеала да фати петнаесетина од нив.
МВР презема мерки и активности за пронаоѓање и на останатите мигранти и за целосно расветлување на случајот. Против возачот на шлеперот поднесе кривична пријава за криумчарење на мигранти./Д.С