Триесетина мигранти од земји на Блискиот Исток откриени на железничката станица во Велес
Објавено на 20 април, 2015 во 14:24
Уште една поголема група мигранти вчеравечер беше откриена на железничката станица во Велес. Од триесетината бегалци од земјите на Блискиот исток најмногу беа млади момчиња, а меѓу нив и неколку деца. Од полиција информираат дека мигрантите се префрлени во прифатниот центар во Скопје. Со оние со кои успеавме да контактираме велат дека транзитот преку Македонија им е единствениот излез за спас од војната во нивната земја. Но очигледно беше дека не доаѓаат од само една туку од повеќе земји на Блискиот исток.
Од МВР не ни ги потврдија информациите што ги слушнавме од овие бегалци според кои деновиве низ Македонија се очекува да поминат околу 2000 мигранти од Блискиот исток./Д.С