Исчезна велешанка, семејството ја бара и апелира за помош од граѓаните
Објавено на 22 јуни, 2015 во 15:11
Исчезна Александра Темелковска од Велес. Седумдесет и четири годишната жена е исчезната пред два дена, поточно ноќта помеѓу 18 и 19 месецов. Семејството на Александра случајот го пријавил во полиција откако Александра излегла од домот после 22 часот и не се вратила.
Александра е висока околу 1.60м, тешка е 65 килограми со кратка црна коса. Во моментот кога излегла од дома била облечена во темна сукња, марама а на нозете носела сандали во темна боја.
Синот на Александра ги замолува сите граѓани доколку имаат какви било информации за неговата мајка да се јават на неговиот мобилен телефон 071 490-864 или да пријават во полициска станица на 192.
