Заврши годинешната „Велешка питијада“
Објавено на 12 октомври, 2015 во 08:09
Временската прогноза за дождлив 12 октомври ги седнала на заедничка маса организаторот и учесниците на годинешната манифестација. Според соопштението на општина Велес , организатор на Питијадата, заедно со угостителите и винариите сепак одлучиле крајот на манифестацијата да биде синоќа, на третата вечер.
„ Поради неповолната временска прогноза и најавата за нови обилни дождови, Координативното тело во соработка со угостителите и другите учесници едногласно одлучи: Манифестацијата „Велешка питијада 2015“ да заврши во првично утврдениот термин, односно по настапот на ДНК во раните утрински часови,“ пишува во соопштението на општина Велес испратено до медиумите.