Ацка плетачката кај Мало Мовче единствената велешанка со дуќан во старата чаршија

Објавено на 7 ноември, 2015 во 15:22

Во Велес, во педесетите години на минатиот век , немаше човек што не ја познаваше плетачката Ацка Наќева Арсова. Беше една од најпознатите  мајстори  за плетење на волнена облека, блузи, џемпери, ѕиври, маши и женски шалови и други производи. Во нејзиниот дуќан, што се наоѓаше во близина на галаријата кај Мало Мовче, секој ден имаше метеж. Најбројни беа жителите од селата, кои со магариња и коњи, ја  носеа волнена преѓа од која мајсторицата Ацка ги плетеше нарачките, тогаш многу  барани. Таа беше единствена жена со дуќан во градската чаршија. Не дека немаше конкуренција од уште неколкумина мајстори туку Ацка важеше за голем мајстор, па затоа  имаше најмногу купувачи.

Кога деновиве ја прашав ќерка и Вера што беше пресудно за бројните купувачи во дуќанот на Ацка плетачката, таа се насмевна и ми одговори:

„ Oстана сираче уште во лулка. Токму поради тоа нејзиното срце беше племенито, во него имаше место за сите. Се сеќавам мајка имаше многу работа. Имаше многу купувачи па затоа мораше да ангажира чираци и калфи. Во еден момент во дуќанот, кој се наоѓаше во долниот дел на нашата куќа, плетачкиот занает го изучуваа петнаесет плетачки од Велес, Градско, Чашка и другите населени места во општината. Подоцна многу од нив станаа добри мајстори. Мајка ми со гордост велеше дека се гордее со тоа  што успеала да ги научи добро да работат и да си обезбедуваат егзистенција,“ рече Вера Гајдова.

Таа се присети на разговорите со својата мајка во кои слушала за тешката судбина, за животниот пат на еден сирак кој на третиот ден од раѓањето го изгубил таткото и на седумгодишна возраст морал да се соочи и со смртта на мајката. Ацка била родена во 1910 година во велешкото село Крајници. Таму останала се до погребот на мајка и, за потоа нејзиниот прибрат да ја донесе во Велес и подоцна, за кратко време да  ја даде на занает за  плетачка кај познатиот мајстор  Ѓорѓи Карадолама.

Ацка по неколку години чиракување од прибратот добила машина за плетење на која почнала да ги плете волнените производи, по порачка, и брзо го првилекла вниманието на граѓаните. Работела од рано наутро до доцна во ноќта и тоа почнало да се исплатува. Плетачката, во 1928 година се омажила за Наќе возачот од селото Теово, кога како мираз му ја однела и машината за плетење. Таму, на жителите од село Теово и соседните во Азот, им плетела волнени производи а бидејќи селаните немале пари и плаќале со јајца, месо, сирење, свинска маст, жито и други земјоделски производи. Ацка не можела да остане во селото Теово. По завршувањето на втората светска војна, во 1945 година,плетачката за која велешани тврдат дека била голем мајстор, со семејството се враќа назад во штотуку ослободен Велес.

„Тогаш моите родители ја  купиле куќата на Гратчанови, кај галаријата на Мало Мовче. Куќата имала главна порта што гледала кон железничката линија Велес – Гевгелија  и капиџик,  преку кој се излегувало на главната градска улица. Ацка веќе ја познавале голем број на граѓани како и жители на селата. Не им преостанало ништо друго освен со татко да одлучат во еден дел од подрумот, преадаптиран во дуќан, да купат машини за плетење и да вработат работници.   И не погрешиле бидејќи на семејните фотографии се овековечени купувачите на волнена облека како и селаните како на магариња и коњи носат волнена преѓа. Мајка беше позната по прекарот Ацка плеталката “, рече Вера.

Тоа е период од животот на мајсторицата по плетење во кој се менуваат групи нови чираци и калфи. На местото на тие што го научиле занаетот и заминале постојано доаѓале нови заинтересирани жени. Нејзината работа и особено почитта од граѓаните  го поттикна велешкиот еснаф да ја прогласи  Ацка за мајсторица со дозвола да им ги потпишува дипломите  на сите што учеле плетачки занает во нејзиниот дуќан. Нејзиниот потпис и денеска го имаат дипломите на Бојана од Градско, Мица и Слоботка од Чашка,  Даца од Богомила, Адели од Согле, Митра, Грозданка, Нада  и Трајанка од Велес, Љубица од Теово и други познати плеталки.

И токму, кога вредната и трудољубива жена, почнала да ги бере плодовите на макотрпната работа а семејството да ги чувствува материјалните придобивки за жал морала да се соочи со две трагедии. Првата била смртта на нејзината дваесет и две годишна ќерка Милка а потоа и на сопругот Наќе. Смртта на ќерката, во 1954 година  многу ја погодила  Ацка која утеха за болката почнала да бара во исцрпувачка работа. Така успеала да се соочи и со смртта на сопругот, четири години потоа.

Кога од познатата плетачка во 1963 година, Општина Велес побарала да ја отстапи куќата за потребите за изградбата на станбениот комплекс „Чешелот“, таа не тагувала по домот колку што не можела да се соочи со загубата на дуќанот. За Ацка преселбата во комфорниот стан на главната градска улица “Маршал Тито“, сегашна „8 септември“, значела продавање на машините за плетење. Во станот имало место за само една машина. И само на неа плетела познатата мајсторица се додека нејзината ќерка Вера не дипломирала на факултет. Во тоа време среќна околност била фирмата „Сувенир“ на која плетачката и ги продавала модерните блузи, фустани и други плетени парчиња облека. Со голема радост Ацка ја мажи својата ќерка Вера за штотуку дипломираниот лекар Перо Гајдов. Тогаш ја донела дефинитивната одлука да се збогува со занаетот.

Сепак велешани за неа до ден денешен зборуваат и раскажуваат. Сеќавањето на сирачето од Крајници кое успеа да исплете илјадници парчиња облека од исто толку тони волнена преѓа секогаш завршува со нејзиното име и особено името на фирмата што стоеше на нејзиниот дуќан во старата велешка чаршија  „Ацка плетачката кај Мало Мовче“.

Деветнаесет години по нејзината смрт постарите велешани ја паметат како храбра и упорна жена која остави длабоки траги во развојот на плетачкиот занает во Велес. Нејзино најголемо дело се петнаесетината мајсторки на кои им го предаде занаетот а тие на уште по петнаесет. Сите тие за мајсторицата Ацка раскажуваа дека иако немаше завршено училиште умееше да биде вистинска учителка со огромно трпение, посветеност и благ речник.

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด