Исак К. од Кочилари загина во сообраќајката во скопски Чаир
Шеесет и седум годишниот Исак К од велешкото село Кочилари, вчера утро, загина како последица на сообраќајна несреќа во Скопје. Во него удрил автомобил „опел астра“ со скопски регистерски таблички управуван од триесет и четири годишниот Ќ.К од Скопје. Несреќата се случила на улицата „Ќемал Сејфула“ во скопската населба Чаир.
Сообраќајката се случила вчера, рано утрото околу 6 часот и 50 минути. Исак бил тешко повреден и пренесен во болница каде по час и половина им подлегнал на повредите. Неколку часа подоцна телото на Исак К му било предадено на семејството. Според портпаролката на СВР Скопје, Лиза Бендевска, на местото на сообраќајката бил извршен увид. Сега се чекаат резултатите на увидната екипа од кои ќе се утврдуваат причините и околностите под кој загина велешанецот./У.Ј