Градоначалникот Чадиев: “ Од СДСМ барам документ со кој сум наредил од родителите да се собираат пари за видео надзор во училиштата“
СДСМ изврши груб политички атак врз мене. Измислици за договорени тендери, штитење на биснис интереси со цел за лична и дискредитација на работата на градоначалникот. Вака денеска градоначалникот Славчо Чадиев ги оквалификува вчера изнесените ставови и реакција на Општинската организација на СДСМ од страна на портпаролката Весна Стојанова Богоевска. За Чадиев тоа само ја покажува безидејноста на партијата која немала што друго да им понуди на граѓаните на Велес.
„На лагата и секратки нозете. Што се однесува до поставениот видео надзор од страна на локалната самоуправа ќе појаснам дека се работи за проект кој што е во тек и со кој се поставува видео надзор во дворовите на училиштата и другите јавни објекти под локална самоуправа. Истиот има за цел да го штити имотот на општината вклучувајќи ја и безбедноста на учениците. Ова е проект кој општината го реализира и за другите урбани површини во градот. Убеден сум дека поставениот видео надзор ќе донесе резултати и ќе го намали бројот на вандалските чинови за кои бевме и сеуште сме сведоци. За безбедноста на внатрешноста на училишните згради одговорни се самите училишта. Јас барам да го покажат дописот со кој градоначалникот Чадиев наредил да се собираат пари. Тоа е чиста конструкција на СДСМ и нивниот портпарол Стојанова Богоевска. И да напоменам дека ни Чадиев бара пари од родителите и додека јас сум градоначалникот никој друг нема да го направи тоа без да се прашаат родителите. Уште еднаш потенцирам да го покажат документот со кој градоначалникот Чадиев побарал пари и не само од Гимназијата туку и од било кое друго училиште да се собираат пари за видео надзор. Или за било каква друга цел од сегментот на обезбедувањето. Во работата на Советот на родители, градоначалникот, не смее да се меша и јас тоа го почитувам, “ рече Чадиев.
Тој изречените обвинувања на СДСМ ги оквалификува како обид за внесување на политика и директен атак врз градоначалникот. Чадиев потенцираше дека засега се поставени 16 видео камери од кои две и во ходниците на Гимназијата, според изјавата на директорот на ова средно училиште.
Портпаролката на СДСМ, Весна Сојанова Богоевска, вчера, го обвини градоначалникот дека и покрај ветувањата за бесплатен видео надзор од родителите на децата кои учат во Гимназијата се бараат пари. /У.Ј