Јовановски: Левата страна на Велес заборавена од локалната власт
Општина Велес, предводена од ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот во заминување, Славчо Чадиев продолжувале со игнорирањето на жителите од левата страна на градот иако Чадиев токму од нив добил голема поддршка кога им ветил многу, реализирал малку и останале многу нерешени проблеми, рече на денешната прес конференција Јован Јовановски од ОО на СДСМ во Велес.
– Се наоѓаме кај Градскиот пазар, на местото каде што поминува малиот Поток. Тука, во секое време може да се види истекувањето на фекалии од домаќинствата, а освен тоа има и огромен комунален смет, што постојано се зголемува. Граѓаните што живеат тука, сопствениците на дуќаните и продавачите се жалат на лошата миризба што се шири во долниот дел од пазарот. Велат реагирале до Чадиев и до овластените лица во општината повеќе пати, но до сега без ефект, се останало само празно ветување, рече Јовановски.
Тој додаде дека високите температури биле причина плус за страв од можни заразни болести и епидемии, со што се загрозува здравјето на граѓаните.
– Состојбата е уште подраматична кога се знае дека во непосредна близина се наоѓа и еден од објектите на Детската градинка, како и ООУ “ Благој Кирков ” и ООУ “ Ј.Х.К.ЏИНОТ ”, односно има постојана фрекфенција на голем број малолетни деца од предшколска и школска возраст, рече Јовановски.
Со соопштение за јавност експресно реагираше општина Велес од каде освен што напишаа дека СДСМ немал ни право ниту лице да зборува за левата страна на градот бидејќи и тогаш била заборавена за да предочат дека таму во изминативе 4 години биле релизирани вкупно 23 инфраструктурни проекти како што биле изграден кружен тек на влезот под Костурница, асфалтирани или реконструирани улици, заменети водоводни линии и изградени 4 нови паркинг простори.
„Пред да држите прес конференции за месноста Поток, Господа од СДСМ запрашајте се колку пати годишно додека СДСМ беше на власт го чистеше каналот. Одговорот е само двапати,“ пишува во реакцијата на Општина Велес.
Од таму соопштија дека сега каналот годишно се чистел 4 пати годишно а во некои години и двојно повеќе или 4 пати повеќе од времето кога СДСМ била на власт. /У.Ј