Попладневниот воз прегази два коњи, СВР Велес не одговори навремено на повиците на граѓаните да се спаси еден од нив
Два коњи прегази патничиот воз што во средата попладне, околу 16 часот, сообраќаше од Велес кон Кочани. Машиновозачот најверојатно не ги забележал коњите кои паселе трева на самата железничка пруга и удрил во нив. Од ударот еден од коњите загинал на лице место но паднал долу од десната страна на пругата врз паркиран автомобил додека другиот се здобил со тешки телесни повреди и лежел под железничката линија на кракот на улицата „Благој Нечев“ повеќе од еден час.
Соседите од овој сокак во централната населба Дворови тврдеа како, толку време бесуспешно потрошиле во обидите да пријават на дежурниот телефон 192 во полициската станица на Секторот за внатрешни работи во Велес со цел да полицијата да помогне на тешко повреденото животно. И не успеале во намерата. Потоа барале помош за да се земе мртвото животно од сокакот со цел да се одблокираа минувањето на граѓаните. Повторно не успеале. На местото на случката стигнале и активистите од граѓанското здружение „Гласот на животните“.
Се дури не било откриено искасапеното тело на вториот коњ како лежело врз автомобил на граѓанин паркиран под пругата никој не се одзвал на граѓанските барања. Тогаш дошла полицијата. Увидна екипа направила увид по што биле повикани трактори на ЈКП „Дервен“ з д ги соберат мртвите коњи.
Денеска Дума.мк не доби одговор на новинарските прашања упатени до СВР Велес зошто на граѓанските повици за помош на телефонскиот број 192 прво било одговорено дека полицијата нема надлежност за вакви случаи а кога било констатирано дека постои и втор убиен коњ, паднат врз автомобил паркиран на улицата „Страшо Пинџур“ полицијата излегла и направила увид. Од таму нема одговор ниту на прашањето зошто полицијата не ги побарала членовите на Здружението „Гласот на животните“ и не интервенирала можеби да се спаси тешко повредениот втор коњ ако само пред неколку месеци тие на протест пред полициска станица на полициските службеници им го предадоа Законот за благосостојба на животни и побараа соработка со СВР Велес.
И ако полицијата не одговори, одговор стигна од ЈКП „Дервен“ од каде побаравме да соопштат зошто толку долго се чекало за да се соберат мртвите тела на животните. На барање на Комуналците одговорот го пренесуваме во целост:
„Во врска со Вашето новинарско прашање, Ве информираме дека синоќа, во 20 часот, по дојава од МВР Велес дека настанала несреќа кога воз умртвил два коња, од кои едниот коњ паднал на ул. Благој Нечев, а другиот на ул. Страшо Пинџур, екипи на ЈКП Дервен веднаш дојдоа на лице место.Мораше да се почека МВР да завршат со увидот, по што работниците од ЈКП Дервен веднаш пристапија кон товарање на умрените животни, по што истите беа однесени на градската депонија. Умрените животни беа отстранети од местото на настанот околу 21.15 часот, соопшти Тодорка Пенкова Андреевска од одделението за Односи со јавност на ЈКП „Дервен“.
Инаку искасапениот коњ паднал врз патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.М.(52) од Велес и го оштетил возилото. Денеска следеше и реакција на Здружението „Гласот на животните“ во која меѓу другото беше побарано полицијата да го пронајде или да ги пронајде сопствениците на убиените животни кои треба да одговараат согласно законот за негрижа./У.Ј