Стојановски: „За разлика од досега, сега дефектите ќе се отстрануваат најбрзо и приклучувањата ќе се вршат улица по улица, за да не се повторат претходните грешки и да нема вода во домовите на велешани“
Подолг временски период во градот се случуваат чести прекини на водоснабдувањето на улиците „Киро Ќучук“, „Гемиџиска“, „Васил Главинов“, „Мицко Козар“ и „Првомајска“ на што велешани често реагираа во ЈКП „Дервен“. Поради потребата граѓаните да бидат навремено информирани со точни информации за овие сериозни проблеми од директорот на јавното претпријатие денеска стигна соопштение во кое Ѓоре Стојанов ги објаснува причините на честите прекини на вода на граѓаните на Велес.
„При моето доаѓање на функција како Директор на ЈКП Дервен, бев запознат со проблемот со честите прекини на водоснабдувањето на веќе спомнатите улици. Се работи за неколку проблеми поврзани со реконструкцијата на водоводните линии на наведените улици. Во врска со ова ги утврдив следните неправилности:
Реконструкцијата на водоводни линии во целиот реон во кој спаѓаат горенаведените улици била изведена од страна на изведувач ангажиран од страна на Министерството за транспорт и врски. За квалитетот на новите водоводни линии ЈКП Дервен не може да гарантира, затоа што се набавени и изработени од изведувачот ангажиран од страна на Министерството.
Исто така, дел од приклучните линии од новите главни водоводни линии до Дворовите на корисниците, во моментот кога ЈКП Дервен ги превземал, биле веќе поставени од страна на изведувачот, и веќе се случија неколку дефекти на истите.
Вработените во ЈКП Дервен пак, додека изведувачот вршел реконструкцијата на линиите истовремено не работеле на изведба на приклучоците за домаќинствата, па дури откако линиите биле изведени и затрупани почнало да се работи на приклучоците. Ова подразбира дека повторно се раскопувале улиците.
И самото приклучување на домаќинствата било вршено неорганизирано, а не улица по улица. Заради неорганизираното работење на приклучоците, често била пуштана и запирана водата во старите водоводни линии (кои се азбест цементни) и тоа доведувало до чести дефекти на овие линии.
Недоработените приклучоци допринесоа во моментов во функција да бидат и старите и новите водоводни линии. Сеуште има приклучоци што не се поврзани на новите линии, односно не биле претходно испланиран и се наоѓаат на различни улици од реонот. Поради приклучување на заостанатите приклучоци, кои се моментално на старата линија, во наредниот период ќе има прекини на водоснабдувањето, односно, во наредниот период ЈКП Дервен мора повторно да ги раскопува улиците а во моментот на приклучување да го прекинува водоснабдувањето, пишува директорот Сојанов.
Тој исто така напоменува дека за разлика од досега, сега приклучувањата ќе се вршат улица по улица, за да не се повторат претходните грешки и очекува тоа да се случи во што пократок рок во интерес на граѓаните на Велес./У.Ј