Одбиена жалбата на „Фени индустри“ во стечај , останува одлуката на Основен суд Велес
На 7-ми февруари,годинава,во Основниот суд во Велес ќе се одржат испитно рочиште за финансиско материјалната состојба и извештајното на Собранието на доверителите на кавадаречки „Фени“. Скопска Апелација ја отфрли жалбата на фирмата „Фени индустри“ во стечај, како и на уште неколку други фирми за отворање на стечај во комбинатот.
– Со отфрлање на жалбата на должникот се потврдува одлуката на Основен суд Велес. На подготвителното рочиште ќе треба да се евидентираат побарувањата на доверителите на „Фени“, рече претседателот на Основен суд во Велес, Александар Шопов.
Инаку стечајот во комбинатот за производство на фероникел го побараа неколку банки како најголеми доверители и тоа Комерцијална, Стопанска и Силк роуд банка чии побарувања изнесуваат околу 40 милиони евра додека сите останати , меѓу кои се и вработените во Фени индустри, имаат околу 20 милиони евра. Вкупниот долг на „Фени“ изнесува над 60 милиони евра./У.Ј