Ќе се крпат дупките во коловозот на улица „ 8 Септември“ во Велес
Објавено на 27 март, 2018 во 14:13
Општината, поправките ќе ги реализира на потегот од Поштата до плоштад С’рмаале утре, среда, 28 март во период од 09:00 до 11:00 часот.
Додека се изведуваат работите сообраќајот на централната градска улица улицата „8 Септември“ ќе се одвива отежнато, по само една сообраќајна лента и со наизменично пропуштање на возилата од двата правци, информираат од Општина Велес.
Затоа општината апелира до граѓаните за трпеливост и почитувње на насоките oд сообраќајната полиција која ќе го регулира протокот на движење и воедно им препорачува на граѓаните доколку немаат голема и неодложна потреба да го избегнуваат овој дел од улицата за движење со моторни возила./У.Ј