Претседателот на СДСМ во Велес, Арсовски: Светот ја поддржува Македонија
Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Велес, Дејан Арсовски денеска им се обрати на граѓаните на Велес со пренесување на ставовите на европските лидери за Македонија:
„Се вративте, се вративте на вистинскиот пат !
Забележуваме лидерство и храброст кај оваа генерација граѓани на Македонија!
Македонија постигна напредоци во реформите и покажа дека сака да оди напред, Светот ги отвора вратите.
Сакаме да успеете.
Гледаме позитивна промена, обновено чувство на оптимизам, отвореност, енергија, надеж. Ве чекаме во НАТО и ЕУ !“, рече Арсов.
Во своето понатамошно обраќање преку медиумите Арсовски додаде:
„Светот ја препозна промената и ни даде шанса како никогаш до сега. Со договорот се отворија вратите за нашето полноправно членство во НАТО и за почеток на преговори за членство во ЕУ.
Земјите членки на двата најголеми сојузи сакаат да ја видат Македонија рамноправна, со право на глас во семејството на западните демократски држави.
Стануваме дел од семејства кои ја гарантираат нашата стабилна и сигурна иднина.
НАТО и ЕУ се семејства на здружени партнери со кои ја гарантираме иднината на нашите деца.
Оваа подрршка е признание за нашата посветена работа, повеќе од две децении.
Ние сме подготвени да дадеме позитивен пример во регионот и светот тоа го цени.
Заедно работиме за да Република Македонија, ѕвездата на Балканот, биде нова голема надеж за регионот и Европа.
Поддршката е директна, од светските лидери.
Оваа недела, во директна поддршка на развојот на Македонија доаѓаат генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, канцеларот на Австрија, Курц и канцеларката на Германија, Меркел.
Македонија добива поддршка, помош и подадена рака од двата најголеми и најсилни сојузи во светот, НАТО и Европската Унија,“ констатираше Арсовски.