Навивачката група „Гемиџии Велес“ оддаде почит на Миле Поп Јорданов
Објавено на 23 декември, 2018 во 13:58
„Со панихида пред неговото вечно почивалиште, во саботата на 22 декември, на гробиштата во црквата „Свети Великомаченик Пантелејмон беше одбележана 116 годишнина од смртта на Миле Поп Јорданов. Во одбележувањето се вклучи и навивачката група „Гемиџии Велес„.
Делегација на нaвивачката група „Гемиџии Велес“ положи цвеќе на гробот на Миле Поп Јорданов, револуционер и брат на велешкиот Гемиџија Јордан Поп Јорданов – Орцето.
На овој начин навивачката група „Гемиџии Велес“ продолжува да им оддава почит на сите кои во минатото ги положиле своите животи на олтарот на татковината.
Слава му!, пишува во соопштението за јавност на навивачката група „Гемиџии Велес“.