Летна крводарителска акција на ОО на Црвен Крст Велес, на 13 и на 14 август
Поради зголемениот број на назгоди и интервенции, во текот на летните месеци секогаш има голема потреба од залихи на крв. Затоа Црвен крст на Република Македонија и Општинска организација Велес во вторник на 13 август и во среда на 14 август во фоајето на зградата на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес ќе реализираат Летната крводарителска акција.
Акцијата и во двата дена ќе трае од 07:30 до 14:30 часот.
Од Општинска организација на Црвен Крст – Велес апелираат до велешани да бидат хумани.
– Токму Вашата крв може да спаси човечки живот. Крвта е незаменлив лек, секојдневно потребна за да се продолжат многу животи. Дарувајте мал дел на Летната крводарителска акција ,затоа што можеби некогаш и вас ќе би затреба, пишува во соопштението на велешкиот Црвен Крст./У.Ј