Едно новоинфицирано лице со Ковид 19 во Велес и починат пациент на 76 години од Чашка
13.05.2020
Новоинфицираниот велешанец е регистриран како случај вчера попладне и не е поврзан со ниту еден од досега идентификуваните кластери од страна на Центарот за јавно здравје. Починатиот возрасен пациент, на 76 години, е од Чашка. Тој беше примен на Инфективното одделение во велешката болница на 6 мај, годинава како инфициран со Ковид 19 и пациент кои боледува од повеќе хронични болести. Неговата здравствена состојба вчера нагло се влошила и настапила смрт.
На Инфективната клиника во Скопје, исто така, вчера се препратени уште двајца пациенти од Инфективното одделение на велеша болница поради влошена здравствена состојба.
На одделението во велешката болница се лекуваат 24 пациенти од коронавирус. Од нив 22 се потврдени додека за двајца се чекаат резултати.
Во Велес денеска има 50 активни случаи со Ковид 19. Во оздравените пак се брои и вработениот во СВР Велес откако доби два негативни теста./У.Ј