Невенчан сопруг ја натепал жена си, казнети 23 велешани за неносење на заштитна маска

Објавено на 1 декември, 2020 во 17:07

svrveles noemvri

1.12.2020 

Вчера вечер, 30 ноември, во 19.50 часот во СВР Велес К.П.(25) од Велес пријавила дека, ден претходно во нивната семејна куќа била физички нападната од најзиниот невенчан сопруг Д.А.(42).

Тепањето се случило околу 18:50 часот кога од ќотекот се здобила со видливи телесни повреди.

-По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Секторот за внатрешни работи Велес во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирана вкупно се 48 лица во трите градови Велес, Кавадарци и Негортино.

Во Велес се евидентирани 23 граѓани без маски, во Кавадарци 13 и во Неготино12 граѓани. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од СВР Велес.

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.