Нови 24 ковид пациенти во Општа болница Велес
Објавено на 22 јануари, 2021 во 16:46
22.01.2021
Во Општа болница Велес денеска се лекуваат вкупно 24 ковид пациенти, од кои 19 се потврдени позитивни и пет сомнителни.
-На кислородна поддршка се вкупно девет пациенти, од болничките 24 пациенти, на Инфективно одделение се лекуваат 21 и на Интерно три пациенти – соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
Во текот на денешниот ден испишани се двајца пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.
Додека во текот на вчерашниот ден, транспортирана е една пациентка на Клиника за Инфективни болести-Скопје.
Стефани Манева
#ОпштаБолницаВелес #Ковид-19 #ИнфективноОдделение #ИнтерноОдделение #КислороднаПоддршка