Германска развојна агенција финансира четири проекти во општини во централна Македонија
Ќе се изработува техничка документација за Етно селото во Демир Капија, за нова индустриска зона УЗ 8 во Општина Неготино, за водоснабдување на шест околни села во општина Свети Николе и за реконструкција на патот Чашка – Горно Врановци. За сите четири проекти обезбедена е финансиска помош од 50 илјади евра од германската развојна агенција „Гиз ред“. Со нив пред донаторот аплицираше Вардарскиот плански регион кој го поттикнува локалниот економски развој на општините во централна Македонија и помага во развојот на туризмот.
– Процесот се одвиваше во неколку фази во период од 6 месеци, за да го финализираме на 17.01.2014 година со потпишување на договор за донација во висина од 3.065.000,00 денари. Значењето на овие проекти е од огромно важност за регионот и именуваните општините, рече директорот на Центарот, Марко Колев .
Во овој рок за аплицирање, центарот, конкурирал и со проект за новата индустриска зона Караслари кај Велес. Тој проект не ја добил поддршката на германскиот донатор.
– Центарот за развој на Вардарски плански регион ќе продолжи да соработката со Програмата за регионален развој – ГИЗ РЕД во Република Македонија, како и со пронаоѓање на други извори за финансирање, кои заедно со општините од Вардарскиот регион ќе ги употребат за бенифит на граѓаните од регионот, а со самото тоа и развивање на истиот, што преставува и цел на Центарот, рече Колев.
Во моментов Центарот работи на документите потребни за обезбедување на техничка опрема за потребите на Регионалната занаетчиска комора во Велес./Б.Н