Граѓаните не го користат законското право за пристап до информации од јавен карактер
По електронски пат, од почетокот на годината до денеска, само 14 граѓани побарале информации од општината. Законското право да ја прашаат локалната институција го искористиле само 5 граѓански здруженија. И членовите на Советот на општината не покажале голем интерес за овој начин на комуникација со локалната администрација бидејќи до неа упатиле само 2 барања.
Спроведувањето на јавните набавки,трошењето на буџетските сретства и прашања кои се поврзани со спроведување на закони кои гарантираат еднакви можности помеѓу мажите и жените биле најчесто поставувани прашања. Од општината соопштија дека го почитувале законското право и одговориле во утврдениот рок од 30 дена.
Граѓаните кои денеска ги прашавме зошто не ја користат оваа можност за комуникација со општината, јавните претпријатија и државни институции најчесто одговараа дека тоа за нив била нова можност. Додека помладите велеа оти не се нашле во ситуација кога им била потребна информација од јавен карактер повозрасни велешани се бранеа со фактот дека не користат интернет и не знаат да работат на компјутер.
Имаше граѓани кој рекоа дека дома немаат ни компјутер ниту интернет. /Б.Н