(ФОТО) Најмногу снег на Јакупица, во велешко паднаа десеттина сантиметри
Синоќа падна а утрово се топи. На првиот снег неможат да му се израдуваат ниту оние што најмногу го очекуваа, децата. Улиците и патните правци низ општините Велес, Чашка и Градско се исчистени и на нив има фрлено 40 тони сол и 120 м3 ризла, соопштија од подрачната служба на ЈП „Македонија пат“ во Велес.
Екипи на јавното претпријатие во моментов го пробиваат патот кон селото Дреново во општина Чашка.
Од општината велат дека во моментов интервенираат на патот кон село Црквино и на патот кон село Иванковци. Во исто време се пробива и патот кон селото Дреново.
– До пладне и овие патни правци ќе бидат оспособени за сообраќај и транспорт на стока, рече Коста Настевски.
Вчера вечер најмногу снег падна на планината Јакупица, во општина Чашка. Според информациите на надлежните служби висината на снежната покривка на планинскиот масив изнесува над 20 сантиметри. Во подпланинското село Дреново паднал снег и е формирана снежна покривка од 15 сантиметри./Б.Н