Опаѓа наталитетот и драстично се отселуваат граѓаните затоа има се помалку ученици во училиштата
Последните години се помал број на ученици има во македонските градови, признава министерот за образование Спиро Ристовски. Опаѓа наталитетот и масовно се исселуваат граѓаните а овие причини директно влијаат врз квотите што треба да ги исполнат училиштата. Велес не е исклучок, вели тој, туку град кој реално се соочува со намален природен прираст на населението.
– Апелирам до граѓаните да остануваат во матичните градови и да има што помала миграција од помалите градови. Ова е глобален проблем , не само во Велес туку и во целата земја, рече Ристовски.
Во Велес веќе неколку години по ред завршуваат двојно помалку ученици од основното образование од оние што треба да се запшишат во средно. И годинава исто како и лани завршија нешто над петстотини основци, а слободни места во средните имаше дури 1100. Во основните и средните училишта се формираат паралелки под законскиот минимум од 24 ученици. Сепак Министерот Ристовски смета дека ова е глобален проблем, кој треба да се решава само со апел до граѓаните и разните мерки и промотивни кампањи на Владата за зголемување на наталитетот./Д.С