Повторно се вози брзо на територија на СВР Велес, казнети 46 возачи
Полициски службеници во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес спровеле дванаесет часовна акциска контрола за возачи коишто управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, пришто санкционирале 46 возачи.
-Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 11 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 36 надвор од населено место, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
На сите возачи коишто ги прекршиле правилата изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. Од Сектор за внатрешни работи Велес апелираат до сите граѓани коишто учествуваат во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеи безбедноста во сообраќајот.
Стефани Манева