Пожарот во куката на Калешови опожари само една соба
Навремено откриен бил пожарот кој се појавил во куќата на ова семејство на улицата „Благој Јосмов“ број 4 во Велес. Пламенот во собата на катот го забележале соседите и веднаш им дојавиле на сопствениците. Брза била и интервенцијата на пожарникарите кои успеале за помалку од триесеттина минути да го изгаснат пожарот.
– Имаа среќа, во денешната несреќа, сопствениците на куќата. Додека на долниот кат во куќата сопственичката ги исвршувала вообичаените домакински работи се појавил пожарот во собата на катот. Нешто и замирисало на изгорен кабел и помислила дека станува збор за проблем со машината за перење на алишта кога соседите и тропнале на порта. Тогаш димот го виделе сите но тоа било откако веќе била повикана пожарната. Старата болна соседка ја пренесовме веднаш кај нас и еве сите гледаме како пожарникарите си ја завршија работата. Колку што разбрав пожарот се појавил кај комодата на која стоел телевизорот. Добро се заврши целата работа, рече соседот Бранко.
Tој бил од самиот почеток на пожарот во куката на Калешови и се обидел да им помогне. Пожарот избувнал вчера околу 10 часот. Се претпоставува дека го предизвикала електричната инсталација. Опожарен бил нов лед телевизор и една комода. Огнот зафатил дел од памучна постелнина и други работи кои стоеле во комодата./Б.Н