Велес Бајкинг, во четврток, организира еко акција за чисто Езеро Младост

Велосипедското здружение „Велес Бајкинг“ ги поканува сите членови, пријатели и сограѓани да земат учество на еко -акцијата насловена „За чисто Езеро Младост“ којашто ќе ја спроведат овој четворток, на 13 јули, со почеток во 18:00 часот.
Претседателот на велосипедското здружение, Зоран Јаневски, рече дека оваа акција се организира со цел да се зголеми свеста кај сите поселители на езерото за чување на неговата хигиена.
-Кампањата за еколошки чисто езеро Младост е под мотото „Ѓубрето не се враќа, туку е дел од твојот ранец – носи го додека не стигнеш до дома“. Со оваа акција упатуваме апел до сите кои искрено го сакаат езерото Младост при посетата на езерото ѓубрето да не го оставаат и расфрлаат околу езерото туку самосвесно да го понесат со себе и да го фрлат во најблискиот контејнер. Ги покануваме сите кои сакаат да бидат дел од оваа акција, да го исчистиме ѓубрето од Езеро Младост и да имаме чисти еколошки средини за рекреација и прошетка околу него, додаде Јаневски.
Акцијата за чисто езеро Младост е во рамките на проектот „Велосипедска ЕКО акција за чисто езеро Младост“ и е овозможена со доделени средства од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Стефани Манева
