Фондот за иновации им нуди финансиска помош на компаниите од Вардарскиот регион
Што нуди Фондот за иновации и технолошки развој, кои се неговите инструменти и како да се аплицира за да се дојде до финансиска помош, денеска се запознаа стпанствениците од Вардарскиот регион. На ред се компаниите, да покажат добра иновативна идеја и да аплицираат на следниот јавен повик на Фондот и да добијат финансиска поддршка за реализација на проектот. Без разлика на секторот, фондот нуди финансирање на иновации кај миокро, мали и средни претпријатија. Помош од Фондот за реализација на своите идеи досега добиле над триесетина компании.
„Досега фондот имаше спорведено успешно два повика , од првиот повик се финансирани 16 компании и на вториот 17 компании. Дел од компаниите посебно на првиот повик беа од ИТ секторот односно се работеше за софтверски решенија но имаме проекти и од машинската индустрија , од кондиторски производи. Во вториот повик финансираме проекти и за третман на отпадни води , од областа на земјоделството и слично“, рече Катерина Кречева, Фонд за иновации.
Фондот за иновации и технолошки развој е релативно нов фонд кој истовремено има за цел и да ја поткрева свеста за значењето на иновациите за конкурентноста на компаниите како и за нивен подобар пласман на пазарот.
Инаку, запознавање на компаниите со Фондот за иновации е дел од проектот за поддршка на бизнис секторот во реализација на Вардарски плански регион./Д.С