Дваесет и седми ден протест на Шарената револуција во Велес
Уште еден ден низ улиците на Велес, Шарената револуција дваесет и седми ден протестира против како што велат фашистичката и режимска власт. Пред велешани вечерва во центарот на градот говореше Аднан Џаферовски од Скопје. Тој истакна дека е чест да се биде помеѓу луѓето кои застанале на браникот на државата, на страната на правдата и слободата.
„Десет години ја плетат мрежата на криминалот и на крајот се заплеткаа самите и сега се бесни ама и свесни што ги чека, не знаат кој пат да го фатат. Десет години пљачка, десет години поделба по секој основ, сеење страв и омраза и на крајот се дрзнаа најголемите зулумчари , најголемите криминалци во историјата на Македонија да се самопрогласат за етно водачи. Народот им е гладен ама гладен за леб а не за нивните валкани игри. Македонија има темели затоа што е градена врз цврсите темели на антифашизмот. Ниое по секоја цена мораме да расчистиме со врховистичко-фашистичката ВМРО ДПМНЕ на чело со Груевски“, рече Џаферовски.
Пред точно два месеци поддржувачите на Граѓанското движење „Протестирам“ и Шарената револуција ги почнаа протестите низ улиците на Велес.
„Никој не веруваше дека ќе истраеме и ќе4 издржиме два месеци. Не се предадовме, опстоивме храбро и достоинствено. Нашата цел и мисија е јасна, оставка за оваа корумпирана и режимска власт. Оставка за оној кој зема плата з апретседател а не ја извршува својата работа и го нанесе најголемиот срам од осамостојувањето на Република Македонија. Имаат уште два дена за кој демнее опасност да биде укинато СЈО од страна на Уставен суд, но нема да им дозволиме“, рече Дејан Ристов.
Џаферовски ги повика велешани в понеделник да учествуваат на масовниот протест во Скопје на кој ќе се даде поддршка на Специјалното јавно обвинителство како и на демонстрантите врз кои се водат судски процеси./Д.С