„Јурија„ – маало на револуционери
На влезот од левата страна на Велес , високо на ридот, се наоѓа маалото Јурија. Името го добилo по турскиот збор што значи отворена широчинка на која слободно, без проблеми од турските власти, можело да се собира македонското население. Во стар Велес, маалото од северна страна започнувало веднаш над муслиманските гробишта, што тогаш се наоѓале на ридот над сега веќе поранешниот хотел „Вила Зора“ и на југ се протегало до долот кој граничи со маалата „Варналиите“и „Прцорек“. Во периодот за кој што пишувам „Јурија“ била на крајот на градот и затоа многу малку била контролирана од турските, а подоцна и од окупаторските српски и бугарски власти. Тогаш граѓаните кои живееле во овој дел на градот можеле активно да се организираат во борбата за национална слобода.
На почетокот на минатиот век , во 1902 година, во ова маало бил убиен Миле, братот на гемиџијата Јордан Поп Јорданов, за чија храброст, македонскиот народ ја испеал песната „Бог да го прости Миле Поп Јорданов“. Сега песната е химна на градот Велес. Исто така, во ова велешко маало за време на народната револуција, живееле и во отпорот кон поробувачите активно се вклучиле Родна Ивева, Богдан Каракостев како и семејствата на Чучукови, Бисинови и многу други. Нивните имиња и дела засекогаш ќе останат забележани во историјата на Велес и на Македонија.
Во овој текст ги бележиме имињата на сите стари жители на Јурија како и нивните потомци кои ги дознавме со помош на староседелци во ова велешко маало. На крајот од муслиманските гробишта, на ширината на Јурија, живеело семејството на Петре и Марика Даскалови со синот Киро и ќерките Нада и Соња. До нив била куќата на Стојан и Марика Настови со синот, Лазо и ќерките Марија и Вера, потоа на Петре и Гена Индови со синот Живко како и на Стојан, Лазо и Цвета Настови- Лазо на Мата, со синовите Панче и Љупчо и ќерката Марионка. Во непосредна близина на ширинката била куќата на Трајко Габов со синот Ѓоше и ќерката Мода, потоа на Трајко и Рајна Бораниеви со синовите Тоде и Стојан како и ќерките Ката, Пандорка, Марушка и Рајна, потоа на Диме и Мара Пирипонови со синовите Тошо и Пенчо и со ќерките Бојка и Васа, а над самото тесно уличе се наоѓала куќата на Ангел Алексов со ќерките Цвета, Сута и Пала. Таму живеело и семејството на Ило и Бота Семпреви со синот Љубе и ќерката Пала, па семејството на Јован и Ката Климкарови со синовите Лазе и Љубе, потоа на Лазо Бачманот со синовите Пенчо и Славчо и со снаите Бојка и Милка. Пенчо Климкаров имал тројца синови Лазе, Ѓоре и Орце, а брат му Славчо имал син Благој и ќерка Родна. Таму живеело и семејството на Димко и Рајна Кариланови со синовите Ивко Љубе и Трајко и со ќерката Коца.
На уличката над широчинката живеело семејството на Ласко и Мара Циунови со синовите Љубе, Драган и Иле како и трите ќерки. На истата уличка, во правец на ширинката, живеело семејството Прдлови кое имало два сина, Ѓоре и Цане, како и ќерка што се викала Ана. Таму куќа имало и семејството Манаскови во која живееле Миле и Грозда Манаскови со синовите Благој, Живко и Тоше, како и братот на Миле кој се викал Тоше со сопругата Добринка Манаскови со децата Живко и Нада. Во овој дел на Јурија се наоѓале и куќите на семејствата на Галеви, на Тоде и Васа со синовите Орце и Љупчо и ќерките Руска и Зора како и на братот на Тоде, Стеван кој имал три сина Благој, Богдан и Стеве и една ќерка. Потоа била куќата на Киро и Цвета Караколеви со синовите Ѓоре и Коле и ќерката Коца .
(Дел од улица на „Јурија“)
На горната улица се наоѓала куќата на Томе и Орданка Тоневци со синот Драган и ќерката Николина, па на Трајко и Даринка Бисинови со синот Кире и ќерката Евдокија, потоа на Димко и Мара Карамаркови со синот Драган, па Филимон и Родна Доцкинови со синовите Панче, Тоше и Ангелче како и ќерка Родна. Следна била куќата на Ило Абрашев со синот Јове и ќерките Рахилка и Борка.
Во маалото „Јурија“ живееле и семејствата на Ангел и Дора Масинови со синовите Орце и Ристе, на Благој и Ѓурѓа Драскачеви со синот Трајче и ќерките Лета и Тренда, семејството на Димче и Љубица Коцеви со синовите Максим и Драган и ќерката Наташа, на Трајко и Лепа Цветанови со синот Горан. Таму своја куќа имало и револуционерното семејство на Ладо и Дора Ивеви со синовите Орце,Јове и Лазе и ќерката Радица. Во истата куќа се родиле и браќата на Ладо, Трајко и Славе како и нивната сестра, првоборецот Родна Ивева. Ова велешко семејство било големо. Да ги спомнеме имињата и на Славе и Менка Ивеви како и Трајко и Грозда Ивеви со синовите Иван, Јосе и Димче.
Соседи на Ивеви биле сестрите Маре и Богданка со братот, првоборецот Богдан Каракостев. Во соседството исто така живееле Милан Ордев со синовите Ѓоре, Драгче и сестра Дона, па Ѓошо и Љубица Мерчинови со синовите Ристе и Димче. Потоа семејството Јовеви кое го сочинувале Трајко и Веса со синовите Орце и Раде, Цандо и Менка со ќерките Родна,Пандорка и Летка,потоа Пепо Јовев со синот Тоше и две ќерки како и Тоде Јовев со семејството.
Куќи на Јурија имале и семејството на Круме и Трајанка Чакарови со синовите Богдан, Живко и ќерките Бота и Родна, семејството на Киро и Нада Колевечки со синовите Коле, Стеве и Панче, Благој Јосмов со синот Гоце и ќерката Марика. Таму живеело семејството на првоборецот Јовче Чучуков со брат му Асен. Во редот куќи се наоѓале и домовите на семејството на Тоде и Стојна Бисинови со синот Никола и ќерката Пандорка, на Петре и Филимена Нешови со три ќерки, како и на Петре и Ружа Бисинови со синовите Аце, Ѓоре и Живко како и ќерката Стојка, на Димко Карамарков со синовите Боре и Томе и ќерката Марика и на Тоде и Тимка Нешови со синовите Стеве и Ангел и ќерката Маца.
(Улица во горниот дел на „Јурија“)
Во маалото живеело семејството и на Ило Грбев со синовите Лазо, Ѓоре и Љубе и ќерките Рума и Паца, па семејството на Иле Штуката- еден од директорите на „Велеспром“, па Божо и Фанка Штуката, а на самата широчинка се наоѓала куќата на Благој и Лена Даскалови со синот Тоше и ќерката Марга. Во близина се и куќите на Ладе и Родна Камчеви кои имале три ќерки и еден син Ѓоре, на Стеван и Милка Нацеви- Мудурови со синовите Милорад, Љубе и Коле како и ќерката Марија.
Таму живеело и семејството на првоборецот Јовче Тесличков.
Негови соседи биле семејствата на Борис Станчев, со синовите Данчо, Зоран, Јове, на Орце Миров, со синовите Пане и Зоран и ќерките Вида и Николина, на Ване и Ката Лазови со синот Јордан –Германот и ќерките Думанка, Милка и Летка. Во овој дел на маалото живееле Илија Шаткаров со синовите Мирко и Ангел и ќерката Лила, потоа Гечо Ташев со ќерката Менче, па Менка Ташева со синовите Јосе и Ангелче и ќерката Снежа, потоа Илија Грков со синовите Миле, Драган и Марјан и ќерката Елена.
Куќа на Јурија имале и семејството Коларови, потоа Коло Арапот-железничарот со синот Орце и ќерка Ружа, како и Лазо и Грозда Наумови со синовите Петре и Трајко. Потоа Тоше и Цвета Наумови со синовите Мирче и Аце и ќерките Горда и Пана како и Панче Караколев со двата сина. Во маалото живееле и Круме и Мара Ѓошеви со синовите Темо и Љубе и ќерките Цвета и Родна и Андреа и Родна Саздови-Пинџурот, со синовите Тоде и Димче и ќерката Маца.
(Улица во маалоо „Јурија“)
Во ова велешко маало живееле и семејствата Караџови, касапот Бошко и сопругата Менка со децата Лила, Коца, Андо и Стефанка, потоа Стојан Бурчевски- Буридан, Димко Кожаров, Ацо и Мара-бавчаванџиите со синот Тоше-жути и други.
Во регистрирањето на имињата на жителите и семејствата во населбата „Јурија“ ми помогнаа Трајче Димов-Бурекот и Панче Настов. Секако дека ќе следи дополнување на податоците и за жителите од овој дел на Велес. Соработката со граѓаните е особено важна бидејќи целта е да се овековечи секој велешанец кој се родил, живеел или се одселил од градот.
Стоилко Андреевски